Опожарен автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами!?

Атомобилот на обвинителот Џелал Бајрами изгоре денеска во утринските часови во Куманово.



Според првите неофицијални информации постои сомневање дека подметнувачите ги  блокирале надзорните камериза да се избегне снимање.

Пожарот зафати голем дел од возилото, а пожарникарите брзо реагирале и го изгасиле огнот.

Во моментов се спроведува истрага за да се откријат причините за пожарот и евентуалната врска со личноста на која автомобилот припаѓа.

Од Обвинителството велат дека се преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето.