Професорот Марковиќ со решение за пописот

Професорот на Политичките студии на Правниот факултет во Скопје и аналитичар Ненад Марковиќ предлага решение за пописот.



“Странски експерт од Еуростат на чело на пописна комисија. Методологија на Еуростат. Како секаде во Европа. Тимови на попишувачи под строга контрола на ова тело. Етнички мешани тимови во сите делови на Македонија заради доверба и избегнување на меѓусебно надмудрување. Ако може и по еден странец во секој тим. Па колку чини нека чини”, вели Марковиќ.

Според професорот попис без графа за етничка припадност во услови на Устав базиран на Охридскиот Рамковен Договор е комична идеја.

Со договорот Македонија прифати малцинските права најдиректно да се врзат со бројот на членови на етничките заедници поради што најверојатно за професорот е комично да се изостави графата за етничка припадност.

Директорот на државната статистика Апостол Симовски предходно најави дека тој ќе предложи пописот да не ги пребројува граѓаните како Македонци, Албанци или други туку само по мајчиниот јазик.