Демократската унија за интеграција најостро ги осудува лажните обвинувања и манипулациите што антиалбанската влада ги пласира на денешната прес-конференција, се наведува во реакцијата од ДУИ. Во соопштението испратено до медиумите, од ДУИ обвинуваат дека станува збор за обид да се вмеша нивната партија во настаните поврзани со Денот на албанското знаме , што според нив е невидена манипулација, и обид да се покријат сопствените неуспеси и дискриминаторски политики на Владата.
„Јасно и недвосмислено изјавуваме: ДУИ нема никаква врска со организирање на инцидентите. Секоја изјава или обвинување во таа насока е целосно неосновано, клеветничко и злонамерно. Антиалбанската влада со ова јавно ги манипулира граѓаните, обидувајќи се да го изврти вниманието од вистинскиот проблем – селективниот пристап на полицијата, која уапси 17 Албанци за инциденти со државното знаме, но ниту еден од оние што го запалија албанското знаме“, посочуваат од ДУИ.
Овие дејствија претставуваат провидна тактика за продлабочување на етничките тензии и дефокусирање од вистинските проблеми во земјата, потенцира ДУИ.
се наведува во соопштението.
Претходно, од коалицијата „Вреди“ информираа дека обезбедиле фотографии кои докажуваат дека младите кои го запалија државното знаме се блиски соработници на Артан Груби. Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи од прес-конференција во партиското седиште, порача дека ДУИ за чисто лични интереси ги користи младите како “топовско месо“, само за да ја избегнат правдата што ги чека.





