Таравари: За прв пат во историја уапсен некој што запалил албанско знаме

Ова го истакна лидерот на АА, Арбен Таравари, кој вели дека не треба да се палат знамиња.



Рече дека Владата е решена да ги казни сите кои го прекршуваат законот, без разлика на етничката припадност, во изјава за „Лајм“.

„Непријатна ситуација од двете страни. Не е во ред палењето на знамето на еден етникум, држава или нација. Сепак, Владата испрати јасни пораки до двете страни.

Во Прилеп за прв пат во историјата на Македонија се случува некој што го запали албанското знаме да биде уапсен. Се преземаат мерки.

Дури и од албанска страна, односно оние кои го запалија државното знаме, неколку лица се лишени од слобода. Ова е јасна наредба дека сите мораме да ги почитуваме знамињата, да се почитуваме и да ги почитуваме законите.

Затоа ги замолувам сите граѓани, без разлика на етничката припадност, да се почитуваат меѓусебно и да ги почитуваат законите бидејќи власта ќе одговори подеднакво на сите страни“, порачал Таравари.