Натежнати кабли од снег оставија делови од Битола без струја

Поради силни врнежи од снег што ја зафатија Битола, на повеќе локации во градот има прекини на електричната енергија, информираат од ЕВН, а пренесува Центарот за управување со кризи (ЦУК).



„Прекините се последица на снегот што натежнува на електричните кабли и жици во подрачјето на Битола и Битолско“, соопштија од ЕВН.