Продолжуваат судирите меѓу сегашниот вицепремиер Арбен Фетаи и поранешниот вицепремиер Артан Груби. Груби побара извинување од Фетаи „во рок од 24 часа“ и му се закани со тужба, откако го нарече „клеветник“. Претходно Фетаи го обвини Груби дека е „поврзан со лицата, кои на 28 ноември го запалија и го сквернавеа државното знаме“. Преку својата најнова објава на општествените мрежи во вид на противодговор Фетаи му порача на Груби дека е „дојдено времето да се одговара“. Ова го објави ТВ 21.
Фетаи во најновата објава истакна: „Пушката топ ви бидна, Артан! Никогаш немало, ниту ќе има поголем срам од она, што го доживеаја Албанците под вашата влада. Кој ќе се грижи сега за вас?! Нема да ве спаси ниту Мијалков, ниту ѓаволот, ниту неговиот син! Дојде време да се положи одговорност, Артан!“





