Гаши и Меџити: Инцидентите на 28 ноември во Р*М и терористичкиот напад на каналот Ибар-Лепенац во Косово целат да се дестабилизира регионот!

„Претседателот на Собранието Африм Гаши и вицепремиерот Изет Меџити велат дека не се случајни инцидентите за време на прославата на 28 ноември во * Македонија и терористичкиот напад на каналот Ибар-Лепенац во Косово. Според нив, има сили кои сакаат да го дестабилизираат регионот.“ – објавија ТВ 21 и ТВ Клан Македонија.



Претседателот на Собранието Африм Гаши преку писмени реакција ги осуди нападите во Косово. „Тоа се терористички и насилнички акти, кои имаат за цел дестабилизација и закана на безбедноста и мирот во Косово и регионот. Остро ги осудуваме овие кукавички обиди за оштетување на виталната инфраструктура на снабдување и за поттикнување страв и несигурност кај граѓаните. Силно ги поддржуваме институциите на Косово во нивната заложба за заштита на редот, безбедноста и суверенитетот на земјата.“ – вели претседателот на Собранието Африм Гаши во својата реакција.

Изет Меџити, вицепремиер и лидер на партијата Демократско движење, во својата изјава посочи: „Во регионот постојат стремежи да се дестабилизира ситуацијата. Истото се случи во Митровица со водоводот, со терористичкиот акт. Но има и овде сили, кои сакаат да извршат дестабилизација. Со празничниот концерт, каде што беа вклучени училиштата, градинките, сите институции, не можев да го разликувам Скопје од Тирана за време на празнувањата, а тоа му попречуваше некому, кој манипулираше со младите, кои со инструкции сакаа да го оценат празникот.“