Курто Дудуш ѝ се закани на Данела: Ќе ви ги донесам контејнерите пред канцеларија

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, доби предупредување од градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, околу нередовното празнење на контејнерите во општината.



„Градоначалник Данела.

Контејнерите со смет низ целата населба се полни, за да не морам да ги празнам и да ги складирам во мој приватен имот, да дојдете да си ги соберете, оти во спротивно ви најавувам дека ќе ви ги донесам пред канцеларија.

Чисто да си имаш во предвид!“, напиша Дудуш на социјалните мрежи.