Полиција врши претреси во српски села на Косово по синоќешната експлозија – Белград негира врска со тоа

Косовската полиција од рано изутрина започна со извидување и претреси во неколку српски села во општина Зубин Поток на северот на Косово, по експлозијата во петокот вечерта на каналот Ибар-Лепенац, за која Приштина го смета за терористички напад и го обвинува Белград.



Курти ја обвини Србија за терористички напад

Експлозија оштети канал што испраќа вода до две главни електрани на Косово во инцидент што Приштина го опиша како „терористички чин“.

„Врз основа на досегашните наоди, утврдено е дека експлозијата била намерен напад и дека станува збор за криминален терористички чин“, се вели во соопштението на косовската полиција што денеска го пренесоа приштинските медиуми и портали на северот на Косово.

Полицијата, се додава, „продолжи да ја координира својата работа, вклучително и со меѓународните безбедносни институции“.

Порталот КоССев пишува дека полицијата се уште не соопштува кои се осомничените, но дека „највисоките косовски функционери веќе го впериле прстот кон српската страна“.

Западните амбасади во Приштина, особено амбасадите на САД и ЕУ, даваат целосна поддршка на косовската влада да ја заврши истрагата.

Српскиот претседател АлександарВучиќ вели дека Белград нема никаква врска со она што се случи на северот на Косово, а тоа го знае и Приштина.

„Секогаш кога во тек  е хајка против некого, повлечете се и не учествувајте во тоа. Заклучок донесете кога тоа ќе помине. Никогаш во страв и под притисок не носете одлуки.

Што мислите зошто не побрзав сабајле во шест часот да кажам дека Србија нема врска со она што се случило на Ибар-Лепенец.

Можевме да го направиме тоа и да им ја свртиме реката, не ни требаше никаков тероризам, зошто да се правдам на било кого“,  рече Вучиќ

 

 

.