Борел заминува фрустриран: „Не успеавме да го спречиме масакрот во Газа“

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, дека заминува од Брисел „со голема фрустрација“ затоа што не успеал да го спречи масакрот што Израел го врши врз Палестинците во Газа.



„Го напуштам Брисел со огромна, гигантска фрустрација затоа што не можевме да го запреме овој масакр“, рече тој во своето последно интервју во улогата на шеф на дипломатијата на ЕУ за шпанското национално радио RNE.

Борел, 77-годишниот шпански социјалист, по пет години се враќа во Мадрид.

Пред неколку дена тој беше во Јордан со претставници на ОН задолжени за хуманитарна помош, на која Израел не дозволува да испорача помош за Појасот Газа.

„Тие ми кажаа сурови и директни зборови“, рече тој.

„Има 250.000 луѓе на северот на Газа со кои престанавме да ги снабдуваме бидејќи не можеме да влеземе. Нивото на безбедност таму е под нулата. А што ќе се случи? Тие луѓе ќе умрат“, рече Борел.

„Единственото нешто што може да се направи е да се изврши притисок врз Израел да дозволи влез на хуманитарна помош“, изјави тој.

Тој рече дека за тоа се разговарало пред три дена на состанокот на земјите од Г7 во Рим на кој присуствувал. „Но, тоа не се случува“, се пожали тој дека западните земји не се обидуваат да извршат притисок врз Израел.