И по завршувањето на седницата на Советот на Град Скопје доцна вечерва продолжија тензиите меѓу претседателот на Советот, Трајко Славески и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и нејзината администрација. Славески првин преку објава на социјалната платформа Икс, а потоа и во изјава за медиумите ја обвини Арсовска дека го опструира заклучокот и не сака да го потпише и стави во процедура.
Од кабинетот на Арсовска, пак, одговорија со писмен допис до претседателот на Советот на Град Скопје, во кој се вели дека заклучокот бил донесен без кворум и оти стручните служби и таа нема да учествуваат во незаконското постапување на Славески за време на денешната седница на која се расправаше за зголемување на надоместокот на приватните превозници.

Во писмениот допис од Арсовска, на кој покрај нејзиниот стојат потписите на секретарот и раководителите на секторите во Градот, од админстрацијата на градоначалничката го обвинуваат Славески дека ја водел седницата спротивно на Деловникот, го ускратил правото на изјаснување на присутните и упатил закани кон вработените во администрацијата.
Како, клучно во дописот се наведува тоа што заклучокот за заголемувањето на надоместокот за приватните превозници бил донесен без потребниот кворум, односно во салата имало помалку од 23 советници.
„По завршувањето на расправата, спротивно на член 87 од Деловникот на Советот на Грда Скопје, без кворум односно неопходното мнозинство за работа од 23 советници, без соодветно од страна на службите да биде утврден бројот на советници присутни во салата и бројот на гласови, своеволно изјавивте дека заклучок е донесен и притоа повикавте вработемите во градската администрација и градоначалникот да постапуваат иако стручните служби на Град Скопје и сите останати советници во Советот на Град Скопје укажуваат на неправилностите во водењето на седницата и немањето кворум за одлучување на истата. Воедно предложивте во најкус можен рок и тоа дури во текот на денешниот ден да се достави изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на вредност на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници – остварен километар, со тоа што износите во табелата за цена по километар да се зголемат за 30 денари соодветно и истата да се применува до истекот на важноста на договорите на Град Скопје ги има со приватните превозници. Ваквиот заклучок кој не произлегува од поднесената Инцијатива, гласан без кворум, односно со присуство на само 19 советници во салара на Советот (за што постои видео-запси), не може да се смета за донесен. Стручните служби во градската администрација и градоначалникот во ниту еден момент и на никој начин нема да бидат соучесници во вашето грубо прекршување на Статутот, Деловникот на Советот на Град Скопје и конкретното незаконско постапување“, вели Славески.
Славески додаде и вели, иако како Претседател на Совет замолив Сектор за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис и проследување до градоначалникот Арсовска во рок од половина час по завршување на седницата, тоа не е направено ниту по час и половина од посочениот рок. Веројатно по налог на Арсовска, администрацијата ме опструира, односно отворено покажува дека се противи на решавање на проблемот со приватните превозници. Останувам да го чекам на потпис актот во мојата канцеларија во Совет на град Скопје.





