Тие што вчера го сквернавеа македонското знаме се соочуваат со затвор до 5 години

Од парична казна до казна затвор до 5 години им се заканува на граѓаните кои вчера го сквернавеа македонското државно знаме во центарот на Скопје.



Според правниците, обвинителството веднаш треба да почне предистрага протокол внтоа што на прославата на денот на албанското знаме го сквернавеа македонскиот државен симбол.

Лицата според експертите треба да бидат гонети за две кривични дела: нарушување на угледот на државата, но и предизвикување на верска, расна, национална омраза.

Според членот 319 од Кривичниот законик за тој што ќе разгори омраза затворската казна е од една до 5 години затвор.

Според членот 178 за повреда на угледот и честа на Македонија следува парична казна.

Од МВР засега без официјални информации и детали за инцидентот но извори од таму велат дека следуваат дополнителни проверки за настанот кој вознемири многу граѓани.

Последна поврзана вест

Обвинителството ги бара луѓето што го сквернавеа македонското знаме