Метеж и пукотници на прославата на Денот на албанското знаме

Колони возила со албански знамиња блокираа во четвртокот вечерта неколку улици и крстосници во центарот на Скопје.



Според некои извештаи, на славјето на Денот на албанското знаме, 28 ноември, кај плоштадот Скендербег се слушнале и рафални пукотници.

Бројни полициски сили го одржуваа редот во центарот на Скопје и нема вердостојни извештаи за насилства и слични инциденти.