Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и приватните превозници се договорија за покачување на цената по километар на вечерашната средба. Мартин Стојановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, по средбата информираше дека предлогот е да се исплаќа по 100 денари за изминат километар, наместо досегашните 69 денари. Се очекува да биде закажана вонредната седница на која би поминала точката
-Нашиот предлог е како што бев информиран од приватните превозници дека цената е 69 до 70 денари за изминат километар кон приватните превозници, тоа да биде со измена на Совет, со одлука на Совет да биде 100 денари од километар заклучно со месец мај додека им трае првиот дел од договорот.
Ние како советници го предложуваме тој предлог, приватните превозници го прифатија и се надеваме дека доколку утре или задутре биде вонредната седница заедно со другите колеги советници ќе го изгласаме тој предлог.
Одлична можност имаше што разговаравме со приватните превозници за сите нивни проблеми.
Ние и во иднина ќе продолжиме да дискутираме за сите нивни проблеми. Радосен и среќен сум што најдовме решение заедно со моите колеги советници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа е голем доказ дека ВМРО-ДПМНЕ, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата работат стриктно во интерес на граѓаните.
Покачувањето на цената по километар нема да значи покачување на цената за граѓаните порачаа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сакам да кажам дека тука не спаѓа никакво покачување на цената за граѓаните, што значи дека ние успеавме во договорот со приватните превозници да издејствуваме да нема никакво покачување на цената на билетот во правец или месечните билети до месец мај за граѓаните. Тоа е голем успех за нас, тоа е голем успех и за приватните превозници затоа што се надевам дека и градоначалничката ќе го стави на точка на дневен ред оваа иницијатива и ќе го прифати овој предлог да нели од понеделник, најдоцна до понеделник доколку се одржи веќе имаме приватни автобуси на улиците затоа што нели тие се дел од крвотокот на градот Скопје, додаде Стојановски.





