ПАСОК ги заплашува Независни Грци со барање за избори

Портпаролот на ПАСОК, Павлос Христидис во утринска емисија на грчката телевизија Скај денеска порача дека Грција треба да оди на избори веднаш, доколку помалиот коалиционен партнер во владата на Алексиц Ципрас, Независни Грци се противи на договор за името на северниот сосед.



Неависни Грцуи и нивниот лидер, Панос Каменос, се противи на било какво и во била каква форма вклучување на терминот Макдонија во името на Грција и сметаат дека името „Македонија“ е грчко и само Грција има ексклузивно право да го користи.

Портпаролот Христидис, како што прернесе описникот на МИА, ја критикуваше коалиционата влада дека нема единствена позиција во разговорите за името.

Барањето дефинитивно не му одговара на премиерот Ципрас чија партија СИРИЗА заостанува зад опозициската Неа демократија (НД), а особено што при евентуаслни избори „Независни Грци“ и не би влегле во парламентот.

Според последната анкета, на прашањето за кого би гласале доколку сега треба да се одржат општи избори, 31,5 отсто од испитаниците изјавиле дека би гласале за НД и 21,5 отсто за СИРИЗА.

На третото место е централно-левичарската партија Движење за промени со 8,5 отсто пред екстремно десничарската Златна зора за која има поддршка од 8 отсто кај електоратот и Комунистичката партија 6 отсто.

Независни Грци, помалиот партнер во актуелната владејачка коалиција, нема да влезе во парламентот, покажува анкетата.

Инаку, потпаролот на ПАСОК ги соопшти ставовите на партијата за спород со името: „Сакаме искоренување на иредентизмот, промена на Уставот, да нема фалсификување на историјата, да постои единствена позиција, да нема поделба на решението на делови и ова да дојде во парламентот…

Ако не гласаат Независни Грци, земјата треба да оди на избори“, рече портпаролот на ПАСОК“ рекол Христидис како што пренесе МИА.