Тешка провокација на Нѓела: Македонија е албанска држава, која ја очекува признавање на независноста и обединување со Албанија и Косово!

„Во објава на фејсбук Спартак Нѓела напиша дека 28 Ноември е голем ден, кој ги обединува сите Албанци од Албанија и Косово, до * Македонија и Чамерија. Тој ја искажа својата убеденост дека Албанците одат кон национално обединување, нагласувајќи дека Македонија ја очекува признавање на независноста како албанска држава!“ – објави влијателниот весник на албански јазик од Косово „Бота сот“ во својата вест со наслов „Нѓела со силна најава: Имајте на ум, оваа албанска држава го очекува признавањето на независноста“. Инаку, Нѓела сега по професија адвокат, бил поранешен министер за правда на Албанија во 1997 година, основач на албанската партија „Закон и правда“ во 2008 година и пратеник во албанскиот Парламент од 2005 до 2009 година.



Весникот ја пренесува објавата на Нѓела на фејсбук, кој, покрај другото, напиша: „Овој голем ден нѐ обединува сите нас, Албанците. Во двете наши држави: Албанија и Косово. Но и во * Македонија, бидејќи и таа е албанска држава, која очекува да ја прогласи својата независност!“

„Сите ја создаваме повторно историјата на албанството, кое се движи кон националното обединување. Нашето национално обединување е барање на историската неопходност на големата политика на Западот. Ние, Албанците, сме неопходност на западната рамнотежа и на безбедноста на Западот од заканите на Русија. Историјата нѐ зачува, за да дојде ова големо време на албанството во процут. Обединувањето на албанството ја создава нашата нова историја.“