Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, е незадоволен од новоизбраното раководство на СДСМ.
Преку песната „Во бестрага“ тој реши да ѝ честита на партијата за новите кадри кои ги избрала.
„Помисли на тоа што сѐ можеме… Можеби е доцна, а може не. Дали крајот вака мириса? Ние двајцата сме за… во бестрага“, гласи рефренот на песната во изведба на Игор Џамбазов и групата „Нокаут“, објави „Плусинфо“.
Инаку, СДСМ вчеравечер ја одржа првата седница на Централниот одбор.
На вчерашната седница за нови потпретседатели беа избрани поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката Ана Чупеска, битолчанецот Менде Илиевски од тамошниот Совет и Кристина Костовакоја е активна во рамките на Централниот одбор на СДСМ.






