Поради тендер пропадна Самит на лидери на Западен Балкан

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba.



За организатор е избрана фирмата „Мајндсет“, но по поднесена жалба тендерот е одбиен.

Босна и Херцеговина требаше да биде домаќин на овој настан под покровителство на бројни меѓународни асоцијации и организации, а Неум беше избран за повеќегодишна дестинација.

Дводневниот настан требаше да ги собере клучните актери од регионот и од ЕУ, со цел зајакнување на соработката и дискусија за важни политички, економски и социјални прашања.

Целта на самитот е да се подобри политичкиот дијалог и да се зајакнат политичките и економските врски меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.