Дебарско кичевскиот митрополит Тимотеј ќе биде погребан на Плаошник, одлучи Синодот на МПЦ-ОА.
Опелото ќе биде во црквата Света Софија, а со заупокоената Литургија ќе служи Архиепископот Стефан во сослужение со надлежните епархиски архиереи и претставниц на други помесни цркви, објави Религија.мк
Погребот ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.
Царство Небесно и вечен спомен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј, стои во соопштението на Синодот на МПЦ-ОА.
По повод упокојувањето на владиката Тимотеј, Општина Охрид го прогласи денешниот ден за Ден на жалост и се откажани сите културно-забавни настани на територијата на општината.
Митрополит Тимотеј раководеше со Дебарско-кичевската епархија од 1981 година и беше активен во многу други одговорни функции во Македонската православна црква, вклучувајќи ја и функцијата секретар на Синодот и портпарол на МПЦ.






