Приватните превозници се исклучија од сообраќај – на Скопје пак му недостигаат автобуси

Нова лоша вест за скопјани, поготво кога станува се постудено. Приватните превозници ги повлекоа автобусите од сообраќај поради неразгледувањето на нивното барање за зголемување на таксата по километар на денешната седница на Советот на Град Скопје.



Барањето било поднесено до претседателот на Советот, Трајко Славески, но тој изјави дека било доставено предоцна за да биде вклучено на дневниот ред. Славески појасни дека иницијативата ќе биде разгледана од градоначалничката и по тоа ќе се врати на Советот. На потег е градоначалникот Арсовска, објави на X претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Град Скопје обвинија дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават точката на дневен ред, истакнувајќи дека барањето за зголемување на таксата е обид за продлабочување на кризата и создавање хаос во јавниот превоз.

Приватните превозници неколку месеци возеа редуцирано надевајќи се дека нивните проблеми, односно исплата на долгот и зголемување на цената за километар ќе се решат.

Пред некој ден тие одлучија целосно да се пуштат во соорбаќај за да им помогнат на граѓаните. Се надеваа и дека надлежните ќе ја стават иницијативата за зголемување на цената по изминат километар на денешната седница. Но иницијативата не се најде на дневен ред, а советниците не го изгласаа ниту проектот за БРТ ниту за набавка на нови еко автобуси.