Поглаварот на БПЦ со сочувство до „северномакедонскиот“ архиепископ и до „Православната црква на Северна Македонија“

Непостоечко име на црква и на титула употреби поглаварот на Бугарската православна црква, Даниил, во писмото со изрази на сочувство за смртта на митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.



Уште на почетокот архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан се именува како „северномакедонски“ архиепископ, а во понатамошниот дел од писмото патријархот Даниил кон Македонската првославна црква – Охридска архиепископија се обраќа како на „Православна црква на Северна Македонија“.

„Во овие тешки часови за вас и за целата Православна црква на Северна Македонија, изразуваме искрено сочувство за привременото разделување со нашиот починат собрат!“, се вели во писмото од патријархот бугарски и митрополит софиски до поглаварот на МПЦ-ОА.