По вчерашниот колапс, министерот Арбен Таравари е во добра состојба во неговиот дом, потврдија денеска извори од Министерството за здравство за МИА.
„Министерот е во добра состојба, добар е, дома е, одмара. Тој е во најдобра можна состојба. Не е во болница, дома е. Вчера беше прво на Неврологија, па на Кардиологија, па во Рентген институтот и потоа си замина дома. Ги направивме сите можни анализи, сѐ е чисто, сѐ е добро. Просто е – премор“, појаснија од Министерството.
Објавата следуваше по гласини дека министерот доживеал срцев удар.






