На покана од Макрон, Силјановска на отворањето на обновената катедрала „Нотр Дам“ во Париз

Македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова доби покана од својот француски колега Емануел Макрон на 7 декември да присуствува на официјалното отворање на обновената катедрала „Нотр Дам“ во Париз, делумно уништена од големиот пожар на 15 април 2019 година.



На свечениот настан ќе присуствуваат голем број светски лидери и ќе биде искористен за билатерални средби со некои од нив, а се прават напори да биде организирана таква и со домаќинот Макрон, кој стои зад т.н. Француски предлог за откочување на македонската евроинтеграција заглавена со бугарското вето.

Таа би била искористена за реафирмирање од прва рака на македонскиот предлог за уставни измени со одложено дејство, односно за впишување на Бугарите истовремено со изгласувањето на полноправното членство во Европската унија од бугарското Народно собрание.