Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во Црвено Море

Египетските власти соопштија дека три тела биле извлечени од туристичкиот брод што вчера потона крај брегот на Црвеното Море.



Други 13 лица сè уште се водат како исчезнати, изјави гувернерот на провинцијата Црвено Море, генерал-мајор Амр Ханафи за Rojters.

Бродот за крстарење Sea Story  дал сигнал за помош во понеделникот во раните часови, откако потонал во близина на градот Марса Алам.

На бродот имало 31 турист и 14 членови на екипажот, кои во саботата тргнале на петдневно нуркачко патување.

Спасени се 28 луѓе…