На скопска Гинекологија, 61-годишна мајка го роди своето прво бебе

Жена, го родила своето прво дете на 61 година пред неколку дена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.



Таа важи за најстарата жена што го родила своето прво дете во Македонија.

Според досегашните информации, мајката и бебето се во стабилна состојба.

Детето е зачнато преку ин витро процедура.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев за денеска на пладне најави повеќе детали по повод раѓањето на бебе од највозрасната мајка во државата.