Комисијата за помилување утре ќе ја има првата седница во нов состав точно еден месец по оставката на претходниот, а со шестчленото тело ќе раководи врховната судијка во пензија Милка Ристова.
Покрај неа, членови на новата комисија се и професорот од Факултетот за безбедност, Оливер Бачановиќ, неговата колешка Драгана Батиќ, доктор по психолошки науки, професорката од Правен факултет, Александра Груевска-Дракулевски, нејзиниот колега од тетовскиот Правен факултет, Афет Мамути, професорката по казнено право од Универизитетот на Југоисточна Европа, Блерта Ахмеди Арифи, како и магистер Доан Сулејманоски, прв Ром во вакво тело.
Следното помилување осуденици од комисијата што му дава такви предлози на претседателот на државата е предвидено за новогодишните празници.
Претходната комисија си даде колективна оставка по бурата во јавноста за неколку нејзини предлози за помилување.






