Туристичкиот брод „Seae Story“ потона утрово во води преполни со ајкули при што како исчезнати се водат 45 лица, од кои 31 турист, јавија египетските медиуми.
Јавено е дека 16 лица биле спасени, јавува Дејли Експрес повикувајќи се на египетски извори.
Медиуми објавија дека патување започнало од пристаништето Порто Галиб во Марса Алам и требало да се врати во пристаништето Хургада.
Инцидентот се случил околу 5.30 часот кога туристите тргнале на нуркање и бродот испратил сигнал пред да се изгуби секаков контакт со него.
Египетската морнарица мобилизира хеликоптери и поморска единица во потрага по исчезнатите туристи. Спасувачките операции се во тек, а властите се обидуваат да најдат преживеани во водите на Црвеното Море.






