И дел од приватните автобуси од утрово одново возат

Приватни автобуси утринава се вратија на скопските улици. Во сообраќај, како што најавија во саботата, се вклучија оние превозници кои имаат финансиски можности.



Превозниците беа гневни на градоначалничката Данела Арсовска и на Советот на Град Скопје зашто на дневен ред досега не била ставена точката за покачување на цената на минат километар.

„Приватните превозници ќе го дадат својот максимум и ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот капацитет со цел за неколку дена да им излеземе во пресрет на граѓаните во градот Скопје.

Воедно, ја користиме оваа можност да се обратиме до сите советници во Градот Скопје – ве молиме со консензус да изгласате покачување на цената за изминат километар со цел подобрување на состојбата во јавниот градски превоз. Со покачена цена се обврзуваме да го обновиме нашиот возен парк со еколошки климатизирани автобуси“ изјави претставник на приватниците, Јовица Зафировски во саботата.

Приватните превозници, според Зафировски, имаат 200 автобуси и можат да го покријат недостигот на автобуси од ЈСП „Скопје“ доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.

Приватните превозници, според Зафировски, имаат 200 автобуси и можат да го покријат недостигот на автобуси од ЈСП „Скопје“ доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.

Минатата недела автобусите на ЈСП „Скопје“ не возеа поради немање нафта. Од четвртокот вечерта со одлука на Владата, на ЈСП „Скопје“ му беа дадени на позајмица количини на нафта од државните резерви.

Во четвртокот вечерта со одлука на Владата, на ЈСП „Скопје“ му беа дадени на позајмица количини на нафта од државните резерви.

Но, доделените количини се доволни само за седум дена.