„Арогантната ДУИ преку свои експоненти го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во Скопје, како во холивудско филмско сценарио. ДУИ, која се нарекува албанска партија, тивко работела за враќање на ужасот за државата и Албанците – Никола Груевски. Тој план не им успеа, но овој неуспех не треба да ги покрие нивните мрачни цели. ДУИ се обидувала да го врати Груевски, за да предизвика раскол во ВМРО ДПМНЕ, знаејќи дека единствениот начин да дојде во владата е, ако би предизвикала раскол во ВМРО ДПМНЕ.“ – наведува коалицијата Вреди во своето соопштение, кое го пренесуваат информативниот портал на албански јазик „Без цензура“ и ТВ 21.
Во соопштението Вреди истакнува: Во шокантната операција за враќање на поранешниот премиер Груевски во * Македонија се вмешани група шверцери, предводени од претседателот на партијата Али Груевски Ахмети, поранешниот вицепремиер Артан казиноман Груби и поранешниот министер за надворешни работи Бујар пациент Османи.За сето време додека беше министер Бујар пациент Османи се среќаваше со Груевски во Будимпешта.
На Водно имаше средба за враќање на Груевски. На оваа средба, што се одржа во март, учествуваа Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Бојан Маричиќ, Артан Груби, Бујар Османи. Али, кој има толкава носталгија за Никола Груевски, што толку многу зло им нанел на Албанците, нагласил дека Груевски може да се врати на два начина: преку помилување од претседателот и преку „нашите луѓе“ во судовите.
Сепак, ова беше најпозитивниот дел од средбата, која успеал да ја сними вработен во администрацијата. Додека траела средбата, тој успеал да го сними телефонскиот разговор од кабината на преведувачот и на крајот истата снимка да му ја предаде на Блерим Ќосето Беџети. За да го спроведат својот план за ослободување на Груевски, Ахмети и ДУИ вршеа силен притисок врз Врховниот суд, но тука наидоа на отпор од претседателката на овој суд Беса Адеми, против која подоцна беше покрената иницијатива за разрешување, поради непослушност и неспроведување на наредбите.
Во тоа време холанскиот амбасадор го посетил Али Ахмети во партиското седиште во Мала Речица и го предупредил дека тој и неговата партија треба да се откажат од судовите и да престанат со притисоците. Измените во кривичниот законик, што ги реализира ДУИ беа донесени, за да се активира Никола Груевски од Будимпешта.
Вреди јавно ги прашува ДУИ и Али Груевски: Зошто сета оваа носталгија по Никола? Што ве спојува? Бевте ли уценети од Блерим Ќосето Беџети, кој ја сними тајната средба во Вила Водно, да ги вратите на сцената заедно со Муса Џафери, него поставувајќи го како носител на листа за пратеници?
Ваквиот пристап на Али Груевски кон Никола и покрај неговата противалбанска политика не натера да заклучиме дека му е лесно да го врати и да го амнестира Никола Груевски, затоа што неговите дела веројатно не биле само негови, туку биле направени и во соработка со злото на Албанците – ДУИ. – објави Вреди во своето соопштение.





