Снежното невреме што ја зафати Србија и лизгавите коловози беа причина за голем број сообраќајни незгоди денеска, меѓу кои и за излизгувањето и завршувањето во банкина на автобус од Македонија на автопатот кај Појате вечерва.
Од фотографијата објавена на Инстаграм-профилот на „192.рс“ се гледа материјалната штета на автобусот на „Арбор турс“, но порталот не известува за состојбата на патниците.






