Откако Мендух Тачи ја извлече ДПА од Европскиот фронт предводен од ДУИ, а Моника Зајкова најави дека ЛДП ќе настапува независно и самостојно, иако долги години беше во коалиција со СДСМ, неофицијалните информации одеа во насока дека тие ќе бидат на линија со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на која и се потребни токму уште двајца пратеници за да контролира двотретинско мнозинство од 80 пратеници – пишува Фокус.
–Немаме официјален договор, но тука се и двајцата – се нудат – изјави висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ за Фокус. Во меѓувреме, партискиот лидер и премиер Христијан Мицкоски јавно потврди дека владејачката коалиција има 80 пратеници, ако не и повеќе. Тоа, според него, ќе се потврдело кога ќе дојде време и ќе има потреба, што значи на некое идно гласање во собранието.
– Јас сум малку пооптимист, мислам дека се повеќе од 80, но ако има потреба и фактички ќе ги видиме – рече Мицкоски во интервју за косовската РТК. Подоцна, запрашан на што ја темели оваа изјава и кои се тие пратеници со кои парламентарното мнозинство од 78 пратеници би стигнало до 80 и повеќе, тој рече: „Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот ќе се покаже во пракса“.
–Дозволете ми малку да ве корегирам – јас не реков дека имаме 80 пратеника, туку реков дека можеби имаме и повеќе од 80 пратеника. Можеби имаме. Само кога ќе имаме потреба од 80 пратеника можеби и имаме 80 и повеќе од 80 пратеника…. Доволно е сега во овој момент. Да оставиме кога ќе има потреба од 80 гласа во Парламентот да може тоа и да се покаже во пракса – рече тој.
Целата анализа на Фокус на следниот линк:





