Ако се суди според реакцијата на грчките медиуми, Грција е незадоволна што Македонија испратила контра предлог за името.
Според извештајот на државната телевизија ЕРТ, климата во пресрет на разговорите е чудна поради тоа што Скопје испратило текст со забелешки два дена пред средбата, а тоа не било предвидено од процесот за кој се договорија двајцата премиери во Давос.
Според ЕРТ, „текстот од Скопје како да бил напишан од самиот Никола Груевски, бидејќи ги содржи сите радикални позиции на скопската страна“. Телевизијата во својот извештај цитира неименувани дипломатски извори.
Според најгледаната грчка ТВ Антена, македонскиот предлог е четири пати помал од грчкиот и е напишан на пет страници и во него Скопје се согласува за промена на името, но не и на Уставот и на идентитетот.
Фото: Резолуцијата 817 на СБ на ООН од 1993 година





