Бугарската држава ги менувала своите учебници по историја, за да ја признае македонската историја, која сега ја наметнува како да е нејзина бугарска историја. Таа во 1947 година ја прифатила македонската историја со официјален државен акт, со кој требало да го спречи великобугарскиот шовинизам, открила партијата на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“- Пирин во јуни 2022 година. Партијата, која Бугарија упорно одбива да ја регистрира, уште во 2022 година има објавено важен документ, кој ја докажува вистината. ОМО „Илинден“-Пирин тогаш поставила прашање: зошто Бугарија не го почитува договорот за македонската историја, потпишан во 1947 година?
,,Зошто повторно се преговара за македонската историја со Бугарија, кога е тоа веќе договорено и затворено прашање? Зошто Бугарија не го почитува потпишаното? Се работи за документи, со кои во 1947 година историските комисии меѓу Македонија и Бугарија ги уредиле бугарските погледи на македонската историја. Документите содржат исправки за историските читанки во Бугарија. Во документите стои дека промените се со цел да се спречи великобугарскиот шовинизам и се однесуваат на различни историски периоди. Во еден од документите стои дека Самоиловата држава не е Западна Бугарија, туку држава на Македонските Словени. Понатаму, дека во бугарската историја треба да ја пишува вистината, оти Климент и Наум се сесловенски просветители, а Кнежеството на Пребонд е првиот обид на Македонските Словени да создадат независна држава, додека браќата Миладиновци се Македонски просветители! Бугарија не го почитува утврденото од 22 ноември 1947 година! Зошто Македонија преговара за сопствената македонска историја со Софија, за работи кои пред речиси цел еден век веќе биле дефинирани и договорени?“ – има објавено партијата на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“-Пирин во јуни 2022 година.
ОМО „Илинден“-Пирин иима порачано и дека не станува збор само за Договорот од 1947 година, кој владата во Софија не го почитува, туку и за други меѓународни договори. Официјалните бугарски власти не ги почитуваат и овие акти на меѓународното право, кои исто така, и Бугарија ги има потпишано:
(1) Договорот од Блед, со кој Бугарија ги осигура правата на Македонците во Пиринска Македонија и обезбеди нивен слободен национален, економски и културен развој, со кој и ги уреди односите на Бугарија спрема Македонија,
(2) Декларацијата на Организацијата на Обединетите Нации за човековите права,
(3) Европската рамковна конвенција за национални малцинства,
(4) Меѓународниот пакт за граѓански и политички права,
(5) Меѓународниот пакт за економски, културни и социјални права…





