Заменик министер за евроинтеграции, Викторија Трајков во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека добиваат повеќе симпатии по укажувањето на ставот на премиерот Христијан Мицкоски за одложено дејство на уставните измени.
„Можам да кажам дека во последно време како се наближува времето и како ние се обидуваме да ја објасниме нашата приказна зошто стоиме на тој став, сметам дека се повеќе добиваме симпатии од претходно“, вели Трајков.
Според неа, иако се само 5 месеци во Владата, тие успеале да работат на дипломатскиот пат.
„Ако претходно се работело вака интензивно објаснувајќи што всушност мислиме ние со тоа, веројатно ќе имавме многу поголеми резултати место да ја имавме добро познатата реторика на свиткана кичма“, порача Трајков.





