Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2024 година изнесува 41.585 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Септемвриската плата е поголема за 3.700 денари или 9,8 проценти во однос на септември 2023, а во споредба со август годинава таа е зголемена за 488 денари или 0,9 отсто.
Реалното зголемување на нето-платата, пак, на годишно ниво (септември 2024 – септември 2023) е 7 проценти.
Зголемувањето на годишно ниво се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12,6 отсто), Преработувачка индустрија (11,7 отсто) и Уметност, забава и рекреација (11,4 отсто).
Во однос на претходниот месец, пак, најголемо зголемување е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5,8 отсто), Административни и помошни услужни дејности (5,0 отсто) и Преработувачка индустрија (2,8 отсто).






