Каква врска имаат Боки 13, неговиот „историски гивавеј“, неговите спонзори и кравите во „Пелагонија“?

Добро е. Чинам дека на ниво на фактографија некако се разбравме со земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и со неговиот доминантен сопственик Цветан Панделевски, со кого се познавам најмалку 30 години.Плусинфо го објави демантот на „Пелагонија“, ја повлече спорната објава и ги прецизираше информациите поврзани со предлогот на „Бетон“ од Штип да се поведе стечајна постапка за комбинатот.Инаку, со Целе се гледам ретко. Нашите средби секогаш се пријатни. И секогаш една од главните теми на разговорите е она за што се согласуваме двајцата – државата навистина мора многу посериозно, системски и одлучно да го поддржи домашното производство на храна. Комбинатот „Пелагонија“, како и другите македонски производители на храна, се соочуваат со многу проблеми, кои доведуваат до финансиски проблеми и до намалена ликвидност.Комбинатот тоа го кажува и во комуникацијата со Плусинфо и апелира државата, но и банките, да помогнат. Јас безрезервно се приклучувам кон овој апел, бидејќи производството на храна е еден од клучните предуслови една држава да биде самоодржлива и просперитетна.Но, нека ми прости Целе, ама тука пак нешто не ми е јасно…Се прашувам, дали меѓу субјектите од кои тој со полно право очекува да му помогнат на битолскиот комбинат, се и самиот комбинат „Пелагонија“ и тој лично, односно другите компании во кои тој е доминантен сопственик?Мене ме учеле дека ако сам не си помогнеш, не треба да очекуваш некој друг да ти помогне.Од тука произлегува и едно друго, многу важно прашање, кое е поврзано и со темите за бизнис етиката и за општествената одговорност – како на комбинатот „Пелагонија“ му се помага да ги преброди проблемите и намалената финансиска неликвидност, со тоа што компаниите „Пелистерка“ и „Млекара Здравје“ се јавуваат како генерални спонзори на „најголемиот и историски гивавеј“, во кој нашиот водечки инфлуенсер и затвореник на хроничен привремен отпуст, Боки 13, доделува стан во Скопје, 7 автомобили, 15 ајфони, вредности ваучери и многу други вредни награди?

Се разбира, мене ми е драго што го гледам Боки 13 во добро здравје и во уште подобро расположение. И нема да прашам како тоа човекот се шета слободно, прави разни „ивенти“, ја забавува јавноста, а во затвор е. Јас би сакал Боки 13 некако да успее веќе никогаш да не се врати во „Идризово“, а како што гледам, човекот е успешен и натаму оди работата…Исто така, во оваа прилика нема да ја проблематизирам темата како може оваа „историска работа“ да се третира како „гивавеј“ а не како наградна игра, за која е потребна посебна дозвола од Министерството за финансии и слично. Овие прашања веќе ги поставивме до Управата за јавни приходи и до Министерството за финансии, но до сега не добивме никакви одговори. Некои луѓе ми рекоа дека тоа е така, затоа што Боки 13 и неговите генерални спонзори имаат некои моќни пријатели во власта (ми кажаа и конкретни имиња), па им се можело.Браос, ако е така…Нејсе, тоа е друга приказна. Која еден ден можеби некој ќе мора да ја раскаже.Прашањето ми беше – што добива ЗК „Пелагонија“, во која доминантен сопственик е Цветан Панделески, од тоа што две фирми, во кои тој исто така е алфа и омега, го спонзорираат Боки 13 да подарува стан, автомобили, ајфони и други подароци? А и третата фирма генерален спонзор е поврзана со Панделески…

Целата колумна на Бранко Героски за плусинфо на следниот линк:



Каква врска имаат Боки 13, неговиот „историски гивавеј“, неговите спонзори и кравите во „Пелагонија“?