Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, денеска најави дека ќе има нови имиња на американска „црна листа“ кои ќе подлежат на санкции.
„ Оваа листа е многу динамична. Секогаш се разгледуваат и се дискутира за нови имиња.
Немам рок кога ќе бидат објавени, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но можам да ве убедам дека додека зборуваме овде, одреден број на имиња се разгледуваат.Ние во секое време работиме на нови имиња и правовремено ќе ги дознаете, рече денеска Агелер одговарајќи на новинарско прашање пренесе Фактор






