„Потребно е да се отстрани изразот ’20 проценти’ од уставот и да се замени со ‘албански јазик’, бидејќи Албанците се овде автохтони. Тие се сосопственици на оваа држава. Внесувањето на изразот ‘албански јазик’ во уставот ќе претставува тапија за сопственоста и на Албанците врз оваа држава!“ – изјави Зијадин Села, лидерот на крилото во АА, со кое тој раководи. Ова го објави ТВ 21.
Зијадин Села дополни: „Отстранувањето на изразот ’20 проценти’ во уставот и негово заменување со ‘албански јазик’ останува и натаму кауза за Алијансата за Албанците“.





