По САД, три европски држави ги затворија амбасадите во Киев

По Соединетите Американски Држави (САД), и Шпанија на еден ден ја затвори амбасадата во Киев.



Во е-пошта испратена до шпанските граѓани во Украина, шпанската амбасада во Киев соопшти дека „поради зголемениот ризик од воздушни напади низ Украина, тие нема да даваат услуги во текот на денот и барањата може да се поднесуваат преку е-пошта“.

И италијанската и грчката амбасада во Киев привремено ја прекинуваат работата поради разузнавачки информации кои укажуваат на голем руски напад.

Американската амбасада на својата веб-страница објави информации за можен воздушен напад со висок интензитет денеска, 20 ноември. Како мерка на претпазливост, Амбасадата во Киев денеска ќе биде затворена за посетители“, соопштија од италијанската амбасада.

Грчката амбасада во своето соопштение ја повика јавноста да избегнува непотребни патувања и да остане на безбедни локации. Од безбедносни причини, грчката амбасада денеска ќе остане затворена за посетители“, соопшти дипломатската мисија.