Мицкоски: Во Скопје се игра и „Шота“ и „Српско коло“ и „турски чочек“ и „Тешкото“

Премиерот, Христијан Мицкоски, во интервју за „РТК“ на Косово, рече дека никој во Македонија не е против албанскиот јазик.



„Верувајте ми (…) никој не е против албанскиот јазик. Напротив. Ова е вештачка тема. Ова не е тема што некому му попречува или не, ова е тема што се обидуваат да ја наметнат сенките од минатото бидејќи немаат друга тема“, рече Мицкоски,

Тој потсети дека Законот за употреба на јазиците е веќе пет години во фиоката на Уставниот суд и дека токму за време на мандатот на неговата влада оваа тема повторно е на дневен ред.

Тој рече дека употребата на албанскиот јазик во Македонија не е загрозена.

„Во Скопје се игра орото „Шота“ и „Српското коло“, „Турскиот чочек“ и македонското оро „Тешкото“.

Премиерот рече дека така ќе биде и во иднина.

„Ние сме обединети во нашите разлики. Се’ додека сум јас на чело на Владата ќе го играме она што ќе не обединува, а не да не дели“, рече Мицкоски. Телеграфи