Мицкоски: „Мислам дека имаме повеќе од 80 пратеници“ (ВИДЕО)

Ова го изјави македонскиот премиер во гостување во Радио Телевизија Косово.



„Разликата во рејтинзи е 5 спрема 1.

Оваа Влада добила повеќе од 600 илјади гласови на изборите пред 6 месеци целосен легитимитет.

Вие велите 78 пратеници, јас сум малку пооптимиста, јас мислам дека имаме повеќе од 80 пратеници. Сега јас велам не е проблем да одиме на избори, утре да одиме, задутре исти ќе бидат бројките, можеби и полоши“, рече Мицкоски, како што пренесува ТВ21.