Партијата на Бојко Борисов ГЕРБ ја обвини втората по големина парламентарна група тија ПП-ДБ дека не сака да формира влада.
Борисов пак сака да биде премиер
Од партијата најавија дека ќе се разговара за влада, но лидерски средби ќе има само за формирање на владејачко мнозинство.
ГЕРБ е цврсто решена дека до преговори со втората политичка сила може да се дојде само доколку објават дека се „за“ формирање на кабинет.
Малку подоцна, сепак, Бојко Борисов ја отфрли идејата за лидерски средби.
Ова се случува само шест дена откако ГЕРБ објави дека Борисов лично ќе ги води разговорите за „заеднички политички акции“ во 51. Народно собрание и одржа два такви разговори – со БСП-Обединета левица и со „Има Таков Народ“.
Според него, ако оди на средба со ПП-ДБ, ништо нема да се случи.
ГЕРБ, како и другите политички сили во бугарското 51. Народно собрание мора да најдат излез од политичката криза.
Борисов: Или ГЕРБ ќе добие спикер на парламентот или…
И по три неуспешни обиди, с’е уште не е избран претседател на Народното собрание.






