Товарен воз излета од шини!

Сообраќајот помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“ е во прекин откако вчера, во 21:37 часот, товарен воз излезе од шините, информира Регионалниот Центар за Управување со Кризи (ЦУК) Скопје, повикувајќи се на Македонски железници. Во несреќата нема повредени лица.



Екипи од Македонски железници се на терен и работат на решавање на ситуацијата, соопштуваат од ЦУК.