На стопанството итно му требаат свежи пари, ги чека средствата од унгарскиот кредит. Се надева следната недела да ги добие каматните стапки под кои комерцијалните банки ќе ги доделуваат средствата. За која намена првенствено ќе ги насочат парите.
Во Дневникот, на Македонската Радио Телевизија гостува Миле Бошков, претседателот на Бизнис конфедерацијата на работодавчи.

Алармот следува откако Владата и банкарите седнаа на маса за да разговараат за унгарскиот заем. Дополнително ќе разговараат за каматата на кредитите за бизнисот во висина од 250 милиони евра обезбедени со заемот од Унгарија. На првата средба, Владата и банкарите се согласија за помал рок за враќање на кредитите од 12 години и грејс период до најмногу 3 години. Ова беше барањето на банкарите затоа што средствата во кои се инвестира најчесто се амортизираат до најмногу 10 години, па во моментов тоа е и најдолгиот период на кој ги даваат кредитите.
За каматата дополнително ќе се преговара. Она што е сигурно е дека владата ќе ги плати оние 3,25% камата. За останатите банкарски трошоци, ќе падне договор на друг состанок. Премиерот е оптимист дека ќе се најде соодветно решение и вели дека ставовите на Владата од една страна и на банкарите од друга почнуваат да се доближуваат.





