Градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ и Вреди со заедничко засадување садници испратија пораки за надеж и заедничка иднина, против омразата!

„Со заедничко засадување садници како чин на праќање порака против обидите за ширење поделби и омраза, заради ситни политички придобивки, денеска на Меѓународниот ден на толеранцијата градоначалниците од општините раководени од коалицијата Вреди  и ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека соработката и разбирањето се клучот за иднината, оти се единствениот пат за создавање подобра иднина за сите граѓани.“ – нагласува коалицијата Вреди во објавата на својот официјален фејсбук-профил, напишана на албански и македонски јазик.



 Натаму во оваа објава се истакнува: На овој настан учествуваа градоначалниците од коалицијата Вреди: на Желино Блерим Сејдиу, на Гостивар Валбон Лимани и на Чаир Висар Ганиу. Од ВМРО ДПМНЕ учествуваа градоначалниците: на Брвеница Јовица Илиевски, на Аеродром Дејан Митевски, на Ѓорче Петров Александар Стојковски, како и Орце Георгиевски, градоначалник на општина Кисела Вода, кој е наедно и претседател на Заедницата на единици на локална самоуправа.

„Засадувањето садници денес не е само симболичен чин, туку јасна порака: садиме надеж, единство и напредок, против поделбите и омразата, кои ги преморија нашите граѓани.“ – истакнаа градоначалниците.

Во својата објава преку фејсбук коалицијата Вреди посочува дека стои цврсто против обидите за ширење поделби и омраза за ситни политички придобивки. „Ние веруваме во општество, во кое сите граѓани можат да живеат во мир и согласие, без разлика на етничката припадност, или на политичката определба. Додека другите користат зборови за да разделуваат, ние дејствуваме, за да обединиме. Секоја садница засадена денес е доказ за нашата посветеност за изградба на иднина, во која толеранцијата и разбирањето ќе ги победат омразата и поделбите. Коалицијата Вреди е гласот на граѓаните, кои бараат мир, правда и подобра иднина за сите.“ – се наведува во оваа објава на Вреди на општествената мрежа.