Австрија без руски гас – канцеларот смирува дека „никој нема да замрзне“

 

Австрија се подготвувала за прекинот уште од почетокот на воената операција во Украина, увери канцеларот Карл Нехамер.



„Гаспром“ веќе ја известил австриската ОМВ за прекин на испораките на руски гас.

„Она што се случи е она за што се подготвувавме од почетокот на војната во Украина. Можам да ветам: никој нема да замрзне во зима, ниту еден стан нема да биде студен“, рече Нехамер.

Канцеларот рече дека Австрија нема да дозволи никој да ја „уценува“, вклучително и Русија.

Тој соопшти дека складиштата за гас во земјата се полни 93 отсто, што одговара на годишната потрошувачка.

На 13 ноември, ОМВ објави дека го добила арбитражниот случај против „Гаспром експорт“ во врска со привремениот прекин на испораките на руски гас во есента 2022 година. и одлучи да обара 230 милилони евра плус камати и судски трошоц.

После тоа, „Газпром експорт“ ја извести ОМВ за целосен прекин на испораките на гас од 06:00 часот на 16 ноември.

Договорот меѓу ОМВ и Гаспром за снабдување со гас на Австрија трае до 2040 година.