Најмалку 10 новородени бебиња загинаа во пожар во неонатална единица на болница во Џанси, во северниот дел на Индија, изјави претставник на локалната власт, јавија медиуми.
„Десет деца за жал загинаа“, изјави за новинарите во петокот вечерта Брајеш Патак, заменик-началник на провинцијата Утар Прадеш.
„Идентификувани се седум тела. Три тела допрва треба да се идентификуваат“.
Според индискиот весник Times Now“ уште шеснаесет новородени бебиња се во критична состојба по пожарот.
Телевизиските снимки покажаа јагленисани кревети и ѕидови во одделението и толпа вознемирени семејства кои чекаат надвор од објектот.
Медицинскиот персонал им даваше инфузии на преживеаните бебиња, сите стари само неколку дена…
NDTV јавува дека 54 деца биле на одделот за неонатална интензивна нега кога избувнал пожарот.






