Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија, Ти Џеј Шортс, стави печат врз триумфот на Париз од 103:87 над Барселона во „Палау Блауграна“ во Евролигата со перформансот 36, убедливо најдобар во натпреварот од 10. коло.
Американецот со македонски пасош беше прв стрелец на мечот со 24 поени (6/10 за два поена, 1/1 за тројка и 9/11 од слободни фрлања), на кои додаде 9 асистенции, 3 украдени топки и изнуди дури 11 прекршоци за 25:23 минути во игра!
Бекот-поентер од 2022 година ги брани боите на Македонија и се најде на поширокиот список на селекторот Александар Јончевски за двомечот со Литванија наредната седмица во квалификациите за Европското првенство.






