Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија и на Валенсија, Столе Димитриевски, им изрази поддршка на своите сограѓани погодени од неодамнешните катастрофални поплави во кои животот го загубија 216 лица од вкупно 224 во Шпанија.
„Од Македонија… Среќен петок Валенсија!!!“, порача Димитриевски во објавата на Твитер заедно со маичката со натпис „За сите жртви од Валенсија. Напред Валенсијци!“, со која се појави по синоќешната победа над Летонија од 1:0 во Лигата на нациите, четврти натпревар во низа и вкупно 441 минута во кои не прими гол во националниот дрес.






