Службеници на полициска Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал рано утринава го уапсија министерот за здравство Вили Берош .
Освен министерот, цел на истражителите се и неколку лекари на високи позиции, јавува Индекс.хр.
Се истражува набавката на преплатена опрема медицинска опрема. Станува збор за набавката на дуални микроскопи за неврохирургија, кои наводно биле платени повеќе од нивната цена.
Уапсен е и раководителот на Клиниката за неврохирургија проф. д-р. Крешимир Ротим.
Вили Берош, министер за здравство од редовите на владејачката ХДЗ, е вториот министер на Андреј Пленковиќ кој беше уапсен за време на извршување функција.
Прв беше Дарко Хорват, кој беше уапсен додека беше министер за економија.
Премиерот Андреја Пленковиќ најави прес конференција…
Претходно тој го смени Берош од функцијата министер.






